Екипата на Чаир не виде мака на гостувањето во Штип кај Астибо и триумфираше со 47:26 во натпревар од 13. коло од плеј-оф фазата во Женската лига.
Избраничките на Басри Љатифи убедливата победа ја најавија уште во првиот дел, кој го добија со 25:14, а вторите 30 минути беа чиста рутина за гостинките.
Најефикасна во победничката екипа беше Стефанија Ѓорѓиевска со 13 погодоци, девет постигна Теодора Дукоска, по пет реализации имаа Рона Мифтари, Мила Алексоска и Марија Галевска.
Кај Астибо најефикасна беше Марија Анчева со девет погодоци, а ја следеше Ана Марија Накова со шест реализации.
Чаир во следното коло ќе се соочи со Металург Автокоманда, додека Астибо со Вардар.