Дисциплинската комисија при Ракометната федерација донесе одлука по инцидентот што се случи на средбата меѓу Прилеп и Пролет што се одигра на 5 април во салата „Ристе Ристески Ричко“.
На натпреварот од суперлигашкиот плеј-аут се случи голема мешаница на теренот, па судиите Димитар Митревски и Благојче Тодоровски доделија три црвени картони, од кои два за составот на Пролет.
Кружниот напаѓач Стефан Атанасовски доби казна од еден натпревар и тој го пропушти веќе дуелот со Борец ФЛ, па ќе се врати во тимот за средбата со Куманово.
Десното крило Никола Стоилевски, доби најголема санкција и ќе биде надвор од ракометните терени четири месеци.
Иако минималната казна според членот 110 од ДП на РФМ е шест месеци, сепак таа е ублажена според член 52 од ДП на РФМ и Стоилевски ќе може да се врати на терените наредната сезона.
🎥Летаа црвени картони – се степаа ракометарите на Прилеп и Пролет