Три од четирите групи во младинската Лига на шампиони ги добија своите победници кои ќе играат на завршниот турнир во Келн.
Во групата 1, победник беше домаќинот Веспрем, кој во полуфиналето ја победи Војводина, а потоа во драматичното финале беше подобар од ПИК Сегед.
Во групата 2, најдобра беше Барса, која во полуфиналето го елиминира Нант, додека во финалната пресметка беше подобра од ПСЖ.
Групата 3 ја освои составот на ГОГ Гудме, кој во финалето славеше против домаќинот Фуксе Берлин со 40-33.
Двата меча од групата 4, каде што е Еурофарм Пелистер ќе се одиграат во текот на денот и ќе биде познат последниот учесник на Ф4.
Барса, Веспрем и ГОГ Гудиме на кои се надеваме дека ќе им се придружи и Еурофарм Пелситер, ќе се борат за титулата во „Ланксес Арена“ на 14 и 15 јуни.
Група 1
полуфинале:
Веспрем – Војводина 48-37
Загреб – ПИК Сегед 20-26
меч за трето место:
Загреб – Војводина 43-41
финале:
ПИК Сегед – Веспрем 30-31
Група 2
полуфинале:
Барсeлона – Нант 43-27
ПСЖ – Спортинг Лисабон 34-31
меч за трето место:
Спортинг Лисабон – Нант 29-22
финале:
ПСЖ – Барселона 28-37
Група 3
полуфинале:
Фуксе Берлин – Савехоф 33-31
ГОГ Гудме – Магдебург 38-36
меч за трето место:
Савехоф – Магдебург 31-35
финале:
Фуксе Берлин – ГОГ Гудме 33-40
Група 4
полуфинале:
Динамо Букурешт – Висла Плоцк 31-28
Келце – Еурофарм Пелистер 29-37
меч за трето место:
Висла Плоцк – Келце
финале:
Динамо Букурешт – Еурофарм Пелистер