Цирих го слави Поповски!

Македонецот Мартин Поповски и неговата екипа Амичитија Цирих се на чекор до пласман во полуфиналето од швајцарскиот шампионат, откако по продолженија го совладаа Сур Арау со 39:36.

Поповски повторно беше меѓу најдобрите на теренот, натпреварот го заврши со осум погодоци од девет обиди, а токму тој го постигна голот за израмнување во регуларниот дел, 29:29, по што следуваа продолженија, во кои гостите се покажаа како подобри.

Доколку Амичитија Цирих загубеше, Сур Арау ќе се пласираше во полуфиналето, но со оваа победа, тимот на Поповски избори петти, решавачки натпревар.

Во одлучувачкиот натпревар, ракометарите на Амичитија Цирих ќе ја имаат улогата на фаворити поради домашниот терен.