Поранешните репрезентативци на Германија, Јоханес Битер и Паскал Хенс, кои имаа одлични изданија во националниот дрес, имаа емотивно простување од ракометот.
На прошталниот натпревар на двајцата ракометари присуствуваа бројни нивни поранешни соиграчи и пријатели, како и многу љубители на ракометот.
Натпреварот се одигра во два дела од по 20 минути, и беше вистинска прослава на кариерата на двајцата светски шампиони.
Битер и Хенс со репрезентацијата на Германија го освоија златото на Светското првенство 2007, а вториот има и злато од континенталниот собир од Словенија (2004).
На клупско ниво, двајцата со тимот на Хамбург ја освоија Лигата на шампионите во сезона 2012/13.
Иако Хенс ја заврши кариерата во 2015 година, сепак, се врати на ракометните терени за заедничкото испраќање со голманот.