Денеска во просториите на Ракометната федерација беа извлечени судиските парови за натпреварите од 4 коло во суперлигашкиот плеј-оф и плеј-аут.
Дербито ќе се игра во СРЦ „Билјанини Извори“, каде што Охрид ќе го пречека тимот на Кирил Лазаров, а задачата да го судат овој меч ќе ја имаат Исмаил Металари и Ненад Николовски.
Двобојот меѓу Вардар и Тиквеш ќе помине со арбитража на браќата Методија и Михајло Илиевски, додека Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе бидат судии на мечот меѓу Бутел Скопје и шампионот Еурофарм Пелистер.
Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе бидат „главни“ на интересниот дуел од плеј-аутот меѓу Пролет и Куманово
Супер лига, 4 коло, плеј-оф/аут:
Охрид – Алкалоид (Металари/Николовски)
Вардар – Тиквеш (Илиевски/Илиевски)
Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер (Божиновски/Начевски)
Пролет – Куманово (Митревски/Тодоровски)
Борец – Струга (Седлоски/Ангелески)
Прилеп – Радовиш (Георгиевски/Георгиевски)