Македонско трио се радуваше на трофеј во Купот на Малта

Македонското трио – тренерот Борче Марковски, неговиот асистент Перо Арсовски и ракометарката Бети Петковска се радуваа на трофеј на Малта.

Триото од тимот на Ла Сал, славеше во финалната пресметка против Кавалиери со убедливи 31-18.

Марковски, кој е поранешен селектор на женската младинска селекција на Македонија, од минатото лето работи на Малта.

Арсоски е екс ракометар на Струга, кој одамна има играчка и тренерска кариера на острово, исто како и Петковска, некогашната членка на Куманово и Гевгелија.