Екипата на Амичитија Цирих, во која настапува Мартин Поповски, на вториот натпревар од четвртфиналето во швајцарскиот шампионат доживеа пораз.
Ривалот на Амичитија Цирих, тимот на Зур Арау, успеа да биде подобар со 34:29, иако на полувреме тимот на Поповски водеше со четири гола разлика, 21:17.
Македонецот повторно одигра на посакуваното ниво и натпреварот го заврши со шест погодоци, додека на првиот четвртфинален натпревар постигна еден гол повеќе.
Бидејќи се игра до три победи за пласман во полуфиналето, Поповски и соиграчите ги очекува тежок предизвик.