Денеска во просториите на Ракометна федерација на Македонија се изврши ждрепката за судиите за 3 коло од суперлигашкиот плеј-оф/аут.
Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски ќе бидат „главни“ во салата „Боро Чурлевски“ каде што шампионот Еурофарм Пелистер ќе го пречека тимот од Автокоманда.
Дуелот меѓу Вардар и Охрид ќе го водат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека средбата меѓу Тиквеш и Бутел ќе ја судат браќата Глигор и Спаско Ќаеви.
Најинтересната средба од плеј-аутот меѓу Куманово и Прилеп им е доверена на Виктор Андонов и Стојанче Јовановски.
Супер лига, 3 коло:
Еурофарм Пелистер – Алкалоид (Кркачев/Колевски)
Вардар – Охрид (Митревски/Тодоровски)
Тиквеш – Бутел Скопје (Ќаев/Ќаев)
Куманово – Прилеп (Андонов/Јовановски)
Пролет – Борец ФЛ (Божиновски/Начевски)
Радовиш – Струга (Вукашиновски/Трајковски)