Женската репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра првиот натпревар против Полска од баражот за пласман на Светското првенство 2025.
Репрезентативките на Полска влегуваат како фаворитки на денешниот дуел, но нашите девојки се решени да се спротистават со борбеност и огромна желба за успех.
Реваншот меѓу двете репрезентации е за три дена во Битола, а подобриот од овој двобој ќе си обезбеди пласман меѓу најдобрите светски репрезентации.
Светското првенство ќе се одржи во периодот од 26 ноември до 14 декември во две земји – Германија и Холандија.
На денешната програма ќе има уште шест натпревари од баражите, а најинтересно се очекува да биде меѓу Србија и Словенија.
Распоред на денешните натпревари:
18:00 ИТАЛИЈА – РОМАНИЈА
18:00 СРБИЈА – СЛОВЕНИЈА
18:30 ШВАЈЦАРИЈА – СЛОВАЧКА
20:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – ЛИТВАНИЈА
20:00 ПОРТУГАЛИЈА – ЦРНА ГОРА
20:30 ПОЛСКА – МАКЕДОНИЈА
21:30 ИСЛАНД – ИЗРАЕЛ