Македонија пред полни трибини во Полска

Репрезентацијата на Македонија утре ќе го одигра првиот натпревар против Полска од баражот за пласман на Светското првенство 2025.

Првото соочување меѓу Македонија и Полска ќе се одигра во полскиот град Кошалин, додека реваншот е закажан за 12 април во Битола.

За утрешниот натпревар, домаќинките ќе имаат голема поддршка од трибините во “Widowiskowa Sportowa”, која се очекува да биде исполнета до последното место.

Преостанати се само уште 100-200 билети, а салата има капацитет од околу 3.000 седишта.