Почна трката за претседтел на ИХФ – Мустафа доби противкандидат!

Германската Ракометна Федерација го номинираше Герд Буцек за кандидат за претседател на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).

Буцек десет години беше потпретседател на белоруската ракометна федерација, потоа член на извршната комисија на ЕХФ, како и директор на организацијата на елитните клубови “Group Club Handball” и “Forum Club Handball”.

Иако Мустафа има големи успеси во својата кариера, Буцек смета дека ракометот не се развил како глобален спорт. Тој повикува на нова стратегија и поактивно вклучување на други континенти.

Мустафа, кој во минатото доминирал на изборите со убедливи победи, овој пат ќе има конкуренција. По три изборни конгреси без противкандидат, Буцек ќе се обиде да ја освои заедничката доверба на глобалната ракометна заедница.

Со номинацијата на Буцек, ИХФ влегува во нова етапа на избори и можни промени. Буцек и Мустафа ќе се соочат за изборот на претседател на Конгресот во декември.