Екс селектор на Македонија се врати во Велес и ќе го спасува Борец ФЛ

Поранешниот селектор на женската репрезентација на Македонија, и тренер во неколку други машки и женски екипи е старо-нов тренер на тимот на Борец ФЛ. Се работи за Владимир Глигоров кој од денеска ја презема функцијата на клупата на новиот суперлигаш.

Тој се враќа на местото на српскиот стратег Предраг Петљански, кој беше ангажиран откако Глигоров си поднесе оставка по ремито со Прилеп пред три недели. Тогаш велешани водеа со десет гола разлика, но на крајот одиграа нерешено, иако можеа дури и да загубат.

Глигоров ќе има можност да ја продолжи мисијата и да обезбеди опстанок во елитното друштво со Борец ФЛ, кој забележа победа против Радовиш со 31-24, прва по четири месеци.

Искусниот стратег во вториот дел од минатата сезона беше дел од косовскиот Кастриоти со кој го освои трофејот во Купот, но не ја продолжи соработката, а претходно ги водеше Голден Арт и Вардар Неготино. Глигоров пред две години се врати во Македонија по работата во Сирија, со која играше на Азиското првенство, а претходно работеше во Саудиска Арабија и Либан.

Женската селекција на Македонија предводена од Глигоров беше осма на ЕП во 2008 година. Во Македонија работеше во Кометал Ѓорче Петров, во Металург РА, Радовиш, како и во уште неколку екипи.

Во Велес се менуваат тренери како на филмска лента – Борец ФЛ бара нов предводник!