Ракометарките на Чаир прославија убедлива победа над Куманово со 36-31, иако гостинките пружија голем отпор, особено во првиот дел, кога беше 18-18.
Избраничките на Славиша Димитријески, кој се врати на клупата на Куманово, имаа предност и на стартот на вториот дел со 20-19.
Но тука како да застанаа и му дозволија на противникот да ја направи клучната серија. Чаирчанки со серија голови се одлепија на 25-21, Митровиќ фати неколку удари во серија и немаше веќе назад за Куманово.
На десетина минути до крајот се повреди Габи Величковска, но нејзините колешки се снајдоа во финишот и без неа, па рутински го приведоа мечот до крајот.
Најдобри стрелци во победничката екипа беа триото Дукоска со десет, Гулицоска со девет и Ѓорѓиевска со осум погодоци. Во составот на Куманово се истакнаа Зечевиќ со осум, како и Цветановска и Нестороска со по пет погодоци.