Некогашен голман на Бутел е дел од стручниот штаб на Украина

Некогашниот чувар на мрежата на Бутел Скопје, Богдан Панченко, од неодамна е дел од стручниот штаб на женската репрезентација на Украина.

Тој е тренер на триото голманки – Јудит Балог, Елисавета Воронко и Марина Шалимова, кои се дел од селекцијата што ја чека бараж двомеч за пласман на СП 2025.

Панченко, кој бранеше во Бутел Скопје две сезони, се уште е активен на терените во тимот на СКА Киев.

Украина ќе се соочи со незгодната Чешка на патото до Мундијалот во Германија и Холандија, а првиот натпревар го игра денеска.