Бутел славеше во градското дерби против Пролет

Екипата на Бутел Скопје дојде до 12-та сезонска победа во Супер лигата, откако во последното коло од регуларниот дел славеше во градскиот двобој против Пролет со 23:21.

Како што е познато, тимот на Бутел ќе игра во плеј-оф фазата, додека Пролет ќе се пресели во плеј-аутот. Бутелци настапот во плеј-офот ќе го стартуваат без бодови, бидејќи завршија на 6. позиција. Доколку вечерва нема сензација во Прилеп, тогаш Пролет во борбата за опстанок ќе пренесе три бода.

Како што се и очекуваше, градскиот двобој започна со голема борба, па така во првото полувреме резултатот најчесто беше нерешен. Ниту една од двете екипи не успеа да направи поголема разлика. Во еден момент тимот на Пролет поведе со два гола (9:7), но на пауза се замина со нерешен резултат 13:13.

Избраниците на Кузмановски на стартот на вториот дел успеаја да се одлепат на плус два (16:14). По водството на Бутел од 17:15, гостите со головите на Палевски, Стоилевски и Андоновски ја вратија предноста и поведоа со 18:17 во 45-та минута

Бутел со голот на Ѓоргиевски излезе од кризата, но Пролет преку Додевски повторно поведе. На десет минути пред крајот резултатот беше 19:19, а во периодот од 53-та до 54-та минута домаќините постигнаа два гола во низа и стигнаа до водство од 21:19.

Пролет не успеа повторно да направи кам-бек, немаше многу време, а домаќините само ја задржаа стекнатата предност за победа.

Најефикасен во победничката екипа беше Филип Николов со девет погодоци, пет додаде Димитар Ѓеоргиевски. Кај гостите, најефикасен беше Никола Стоилевски со пет погодоци, а го следеше Давор Палевски со четири реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2АЛКАЛОИД22200240
3ТИКВЕШ 201422113825
4БУТЕЛ221201024
5ПРИЛЕП22731217
6ПРОЛЕТ22651117
7КУМАНОВО22501710
8БОРЕЦ Ф.Л.2224168
9СТРУГА2231187
10РАДОВИШ2222186