По мечот од квалификациите за ЕП 2026 меѓу Хрватска и Чешка во „Загреб Арена“, Хрватскиот ракометен сојуз ги собра на едно место сите оние што ги пишуваа најсветлите страници во историјата на ракометот.
Меѓу освојувачите на 16 медали на ОИ, СП и ЕП, и оние кои што добија златни плакети, беше и голманот на Еурофарм Пелистер, Филип Ивиќ.
Повеќе од 15.000 навивачи во „Загреб Арена“ поздравија повеќе од 100 поранешни и актуелни ракометари и ракометни работници. Најпрво на теренот излегоа репрезентативците од 1994 до 2004 меѓу кои Смајлагиќ, Шола, Чавар, Голужа, Зовко, Џомба, Калеб, Лацковиќ, Вори…потоа оние од 2005 до 2013 меѓу кои беа Чупиќ, Гојун, Бичаниќ, Нинчевиќ, Бабиќ, пелистерецот Ивиќ, Мандалиниќ…
Потоа плакети добија и „кралиците на шокот“ кои освоија бронза на ЕП 2020 во Данска и Норвешка, а на крајот беа поздравени и актуелните репрезентативци што освоија сребро на СП 2025.