Уште 16 слободни места – четири селекции се пласираа на ЕП 2026, еве како изгледаат табелите

По комплетирањето на четвртото коло од квалификациите за ЕП 2026, четири селекции го „чекираа“ билетот за континенталниот собир што ќе се одржи во јануари идната година во Данска, Шведска и Норвешка.

Тоа се Исланд, Хрватска и Словенија, кои досега немаат ниту еден, како и Португалија која има три победи и едно реми. Покрај триото организатори, директно место на ЕП 2026 има и европскиот првак Франција.

Остануваат уште 16 слободни места за континенталниот собир, а во трка по нив 27 селекции, откако Словачка досега не освои бод и ги загуби сите шанси.

Квалификации за ЕП 2026, распоред и табели:

група 1

  1. Словенија 8 (135:106)
  2. Литванија 6 (119:111)
  3. Македонија 2 (117:132)
  4. Естонија 0 (109:131)

Литванија – Словенија
Естонија – Македонија
Словенија – Естонија
Македонија – Литванија

група 2

  1. Унгарија 7 (127:11) 
  2. Црна Гора 5 (122:121)
  3. Финска 4 (99:107)
  4. Словачка 0 (113:123)

Словачка – Унгарија
Финска – Црна Гора
Унгарија – Финска
Црна Гора – Словачка

група 3

  1. Исланд 8 (129:97)
  2. Грузија 4 (101:103)
  3. Босна и Херцеговина 2 (95:104)
  4. Грција 2 (95:116)

Босна и Херцеговина – Исланд
Грузија – Грција 
Исланд – Грузија 
Грција – Босна и Херцеговина

група 4

  1. Шпанија 6 (122:112)
  2. Италија 6 (137:121) 
  3. Србија 4 (121:109)
  4. Летонија 0 (114:152)

Италија – Шпанија
Летонија – Србија
Шпанија – Летонија
Србија – Италија

група 5

  1. Хрватска 8 (136:94)
  2. Чешка 4 (103:103)
  3. Белгија 2 (94:110)
  4. Луксембург 2 (91:114)

Луксембург – Чешка
Белгија – Хрватска
Хрватска – Луксембург
Чешка – Белгија

група 6

  1. Фарски Острови 5 (128:119)
  2. Холандија 4 (136:136)
  3. Украина 4 (140:128)
  4. Косово 3 (110:131)

Украина – Холандија
Косово – Фарски Острови
Фарски Острови – Украина
Холандија – Косово

група 7

  1. Германија 7 (128:107)
  2. Швајцарија 5 (123:125)
  3. Австрија 4 (112:114)
  4. Турција 0 (118:135)

Швајцарија – Германија
Турција – Австрија
Германија – Турција
Австрија – Швајцарија

група 8 

  1. Португалија 7 (142:116)
  2. Полска 4 (123:128)
  3. Романија 3 (115:120)
  4. Израел 2 (110:126)

Израел – Полска
Романија – Португалија
Израел – Португалија
Полска – Романија

На ЕП 2026 пласман обезбедуваат прво и вторпласираните од осумте групи, како и најдобрите четири од осумте третопласирани. За нив во табелата ќе се пресметуваат бодовите освоени на натпреварите само со прво и второпласираните селекции.

Петтото и шестото коло од квалификациите е на програмата на 7/8 мај, односно на 11 мај, кога сите натпревари ќе се играат од 18:00 часот.

*со црвена боја се означени селекциите што се пласираа на ЕП
*со сина боја се означени селекциите што се на чекор до пласман на ЕП
*со зелена боја се означени селекциите што се остануваат со шанси за пласман на ЕП