Репрезентацијата на Литванија стигна до третата победа во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2026.
Литванците повторно беа подобри од Естонија, овојпат триумфирајќи на домашен терен во Клаипеда со 35:28, со што дојдоа до шест бода на своето конто.
Ист број бодови има и Словенија, додека македонската репрезентација на три натпревари забележа една победа – против Естонија на домашен терен. Со шест освоени бода, Литванија веќе е на чекор до пласман на континенталниот собир следната година.
Словенија и Македонија денеска ќе го имаат второто соочување, а во последните две кола, нашата репрезентација ќе игра против Естонија во Талин и Литванија дома.
Фарските Острови повторно покажаа дека се репрезентација во подем, откако на гостувањето во Холандија славеа со 32:31. Овие две селекции првата меѓусебна пресметка во квалификациите ја одиграа пред неколку дена, а тогаш натпреварот заврши нерешено, 32:32.
Фараните на четири натпревари остварија две победи, едно реми и еден пораз од Украина, додека Холандија на своето конто има четири бода.
Репрезентацијата на Луксембург испиша историја, остварувајќи ја својата прва победа во квалификациите за Европското првенство. Луксембург ја совлада Белгија на второто меѓусебно соочување со три гола разлика, 27:24.