По страшната трагедија што се случи утринава во Кочани, Ракометната федерација на Македонија побара одложување на мечот на машката репрезентација што треба да се игра денеска против Словенија.
Сепак Европската ракометна федерација не го одобри таквото барање, со одговор дека тоа би било можно доколку натпреварот се играше во Македонија.
Покрај тагата што ја чувствуваат сите Македонци во овој момент, ракометарите и стручниот штаб ќе мора да смогнат сили и да играат вечерва во Копер.
Мечот ќе започне со минута молк пред официјалниот старт, а ракометарите ќе носат црни ленти на тренерките при загревањето.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија ќе се игра во салата „Бонифика“ во Копер од 18:30 часот.
Што велат регулативите на ЕХФ: Македонија МОРА да го одигра мечот со Словенија, во спротивно…