Иако на никој не му е до спорт денеска, машката репрезентација на Македонија денеска ќе го игра вториот меч од квалификациите за ЕП 2026 против Словенија.
Капитенот на Словенија, Блаж Јанц, вели дека како и првиот, така и вториот меч против Македонија ќе биде тежок.
„Вториот натпревар против Македонија ќе биде исто така многу тежок. Тие се одличен ривал. Салата „Бонифика“ е распродадена, па очекуваме посебен натпревар од навивачки аспект. Мора да ја потврдиме победата од Скопје во Копер. Ќе покажеме за што сме способни. Верувам во наша победа“, изјави Јанц.
Натпреварот меѓу Словенија и Македонија се игра вечерва во салата „Бонифика“ со почеток во 18:30 часот.