Најдобриот стрелец од данската лига потпиша за Хамбург

Моментално најдобриот стрелец во данскиот шампионат, средниот бек Николај Јоргенсен, во следната сезона ќе го има својот прв интернационален предизвик.

24-годишниот ракометар, кој може да игра и како лев бек, потпиша со некогашниот европски првак Хамбург, а во бундеслигашот ќе пристигне од редовите на Сондерјиске.

Јоргенсен минатата сезона беше избран во Ол-стар тимот на данскиот шампионат и веќе две сезони по ред важи за еден од најдобрите ракометари во Скандинавија.

На 21 одиграни натпревари во тековната сезона постигна 191 гол и веднаш стана мета на големите клубови.  Данецот и Хамбург се договорија на едногодишна соработка.

Хамбург за следната сезона го ангажираше и сегашниот колега на Мартин Томовски од Потсдам, Елиас Кофлер