За вториот меч со Словенија: Лазаров повика нов ракометар!

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, дополнително повика нов ракометар за реваншот против Словенија.

Тоа е кружниот напаѓач на Вардар, Михаил Аларов, кој ќе му приклучи на националниот тим по повредата на Никола Маркоски.

Аларов беше на списокот на резерви на Лазаров за двомечот со Словенија од квалификациите за ЕП 2026, но сега доби дополнителен повик.

Покрај Маркоски, од претходно од кобинација отпадна и левото крило Петар Атанасијевиќ, а два дена пред мечот со Словенија се повреди и Дамјан Митев.

Македонија загуби од Словенија со 32-26 во првата средба во Скопје, а вториот меѓусебен дуел овие две селекции ќе го одиграат во Копер на 16 март.