Митревски: Словенија е врвна селекција, но во „Борис Трајковски“ никој не е фаворит против нас

Машката репрезентација на Македонија денеска го игра третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2026, а во Скопје доаѓа силната Словенија.

Искусниот чувар на мрежата, Никола Митревски, смета дека нека не очекува тежок меч, но дека на домашен терен во Скопје, никој не е фаворит против Македонија.

„Одиме во нагорна линија. Тоа што се случуваше на СП треба да ни биде почеток и на секој меч да бидеме се подобри и подобри. Тоа што пред десетина дена салата е распродадена, докажува дека публиката и навивачите веруваат во нас, како и ние во самите себе. Словенија е селекција од светскиот врв, учесник на Европски и Светски првенства, на Олимписки игри, а освојувале и медали на големи натпреварувања. Ќе биде тежок натпревар, но тука во „Борис Трајковски“ никој не е фаворит против нас“, изјави Митревски.

Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:00 часот.