Репрезентативен повик за „бомбардерот“ на Охрид

Селекторот на машката репрезентација на Грузија, Тите Каланадзе, го објави списокот за двомечот против Босна и Херцеговина од квалификациите за ЕП 2026.

На списокот се најде и левиот бек на Охрид, Теимураз Орјоникидзе, кој игра во одлична форма во Супер лигата.

Покрај него, на списокот се наоѓаат и Гавашелишвили (екс Прилеп), Кбилашвили (екс Металург), Рустамов (екс Прилеп и Охрид), Цинцадзе (екс Прилеп и Охрид), како и Дикаминџија (Струга)…

Грузија досега загуби на гости кај Грција и дома од Исланд, па во двомечот со БиХ, ќе се обиде да им се врати на победите и да остане во трка за место на ЕП 2026.