Иако беа најаввени повеќемина, сепак на првиот собир на светскиот вицепрвак Хрватска, дојдоа само двајца ракометари!
Селекторот Дагур Сигурдсон за разлика од собирот пред СП 2025, сега пристигна на време, а покрај него дојдоа и двајцата ракометари од унгарскиот ПИК Сегед – Марио Шоштариќ и Марин Јелиниќ.
Повеќемина играа натпревари доцна во неделата, па неможеа да пристигнат на првиот собир, и Сигурдсон не одржа тренинг. Некои од повиканите ќе патуваат со автомобили до чешкиот град Брно, како на пример Ловро Михиќи и Леон Шушња од полскиот Плоцк.
Дел од експедицијата од Хрватска, денеска се упати кон Брно каде што в среда ќе го одиграат првиот меч со Чешка од квалификациите за ЕП 2026.
Од повиканите 20 ракометари сигурно нема да играат Срна и Мартиновиќ, па остануваат 18 меѓу кои се тројцата голмани. За првпат по подолго во составот нема да бидат Карачиќ, Дувњак и Пешиќ, кои официјално ќе се простат од репрезентацијата на реваншот со Чешка на 16 март.