По поразот во финалето на Купот на Словачка од Повашка Бистрица, раководството на Татран Прешов му се заблагодари за соработката на црногорскиот стратег Ратко Ѓурковиќ.
На местото на Ѓурковиќ, кој го водеше Татран само оваа сезона и не ги исполни очекувањата на раководството, доаѓа познато име.
Станува збор за поранешниот тренер на словачкиот првак Радослав Антл, кој ќе работи во тандем со Марек Гернат.
Ѓурковиќ во меѓувреме веднаш најде нов ангажман и некогашниот стратег на Пелистер, кој ги и водеше Ловќен, грчкиот Патрас, унгарските Комло и Орошази, Ал Рајан од Кувајт, Црвена Ѕвезда и босанскиот Борац, ќе биде предводник на италијанскиот Сасари.