Радовиш парираше, но бодовите останаа за Пролет

Екипата на Пролет во натпревар од 21. коло од Супер лигата славеше над Радовиш со 23:19.

По завршувањето од регуларниот дел од првенството, двете екипи ќе се преселат во плеј-аут фазата.

Домаќините до победата дојдоа со цврстата одбрана која им беше заштитен знак и одличната игра во вториот дел.

Пролет водеше во речиси целиот прв дел, но гостите од Радовиш се изборија за нерешено на паузата, 11:11.

Двете екипи имаа свои моменти во вторите 30 минути, а подобро се снајдоа избраниците на Матлиески.

Победничката екипа беше предводена од Стефан Атанасовски и Александар Василевски, двајцата имаа по пет погодоци.

Кај Радовиш прво име беше новото засилување, искусниот Лазар Адамовиќ, кој беше и најефикасен на натпреварот со десет реализации.