Шампионот беше сигурен против Бутел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, во натпревар од 21. коло од суперлигашката конкуренција, славеа на свој терен против Бутел Скопје со 34:25. Свое деби во дресот на Еурофарм Пелистер имаше младинскиот репрезентативец Давид Брестовац.

За битолскиот тим ова беше 19-ти сезонски триумф, а во последното коло од регуларниот дел, кое ќе биде одиграно по ЕХФ-неделата, пелистерци ќе му гостуваат на Прилеп.

Гостинскиот тим добро се покажа во првите 20 минути, во кои на моменти парираше и во три наврати имаше резултатска предност.

Избраниците на Алонсо во последните десет минути од првото полувреме ја стекнаа потребната разлика и на пауза заминаа со 19:13.

Домаќините во вторите 30 минути константно ја одржуваа предноста, знаеја како да ги казнат грешките на гостите и успеаја натпреварот да го завршат со убедлив триумф.

Најефикасен во победничката екипа беше капитенот Филип Кузманоски, кој постигна десет погодоци, а го следеше Дејан Манасков со седум. Кај Бутел, најрасположен беше Драган Шолиќ со шест погодоци, Христијан Милошески запиша четири, а Димитар Ѓорѓиевски додаде три.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200240
2ВАРДАР 196122200240
3АЛКАЛОИД22200240
4ОХРИД22142630
5ТИКВЕШ 201422113825
6БУТЕЛ221201024
7ПРИЛЕП22731217
8ПРОЛЕТ22651117
9КУМАНОВО22501710
10БОРЕЦ Ф.Л.2224168
11СТРУГА2231187
12РАДОВИШ2222186