„Фалангата“ се подготвува за „окупација“ на Копер – ќе има и фан зона, салата е распродадена!

Машката репрезентација на Македонија ја очекува тешко гостување во Словенија во натпреварот од 4 коло во квалификациите за ЕП 2026.

Избраниците на Кирил Лазаров ќе имаат голема поддршка во салата „Бонифика“ во Копер, која има капацитет од околу 3.000 гледачи.

Најавени се околу 120 навивачи кои од Љубљана ќе патуваат за Копер со два автобуси, плус уште многу што ќе патуваат со сопствен превоз, а во овој приморски град веќе се пријавени околу 500 навивачи што ќе бидат дел од настанот во фан-зоната, која е во организација на МСОС. Најавено е доаѓањето и на „Македонската фаланга од Виена“, како и на навивачи од околните земји.

Сите детали околу фан-зоната, може да ги добиете ТУКА, а словенечката федерација објави дека сите билети се распродадени за мечот против Македонија.

Тој е закажан за 16 март во салата „Бонифика“ од 18:30 часот, а македонските навивачи ќе се потрудат да им бидат ветар во грб на ракометарите во битката за изненадување на гостински терен во Словенија.