Македонската репрезентативка Сара Ристовска имаше одличен камбек на терените по кратката пауза и беше најдобар стрелец на мечот против Крајова.
Нејзиниот Рапид Букурешт загуби на тешкото гостување со 28-27, а десното крило имаше највисок индекс на корисност.
Ристовска успеа да погоди пет пати од пет обиди во противничката мрежа, изнуди седмерец, украде една топка и беше најдобар стрелец.
Рапид Букурешт сега има 34 бодови на петтото место, а во следното коло Ристовска и нејзините колешки ќе го пречекаат големиот ривал ЧСМ Букурешт.
Слатина за која играат три македонски интернационалки, загуби на гостувањето ка Корона 32-23. Јована Саздовска и Ивана Гакидова даоа по два гола, додека Мицевска забележа четири одбрани.