Средниот бек на Висла Плоцк, Миха Зарабец, нема да игра на двомечот против Македонија од квалификациите за ЕП 2026. Селекторот Урош Зорман беше уште еден од средните бекови, откако од претходно не можеше да смета на Рок Овничек, па затоа повика допполнително уште еден ракометар.
Тоа е плејмјекерот на Загреб, Алекс Кавчиќ, кој ќе им прави друштво на Алекс Влах и Домен Макуц, па отсуството на Зарабец нема да се почувствува. Тој има проблеми со грбот, иако на последната средба од полскиот шампионат против Келце даде десет погодоци.
Покрај Зарабец и Овничек, Словенија ќе биде без повредените Нејц Цехте, Клемен Ферлин, Борут Мачковшек, а ќе ги нема ниту Митја Јанц и Домен Новак.
Зорман, исто како и Лазаров, в недела ќе ја има прозивката со националниот тим, а Словенците во вторник ќе пристигнат во Скопје.
Првиот меч меѓу Македонија и Словенија се игра в среда од 20:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, додека вториот меѓусебен меч е во Копер в недела од 18:30 часот во салата „Бонифика“.
Словенија е лидер во нашата група со две победи на два меча, Литванија е втора со една победа и еден пораз, исто колку и Македонија на третото место, додека Естонија е последна без бодови.