- Средниот бек на Португалија, Мигел Мартинс, го напушта данскиот Алборг една сезона пред истекот на договорот и ќе се пресели во романскиот првак Динамо Букурешт со кој се обврза на двегодишна соработка.
- Чуварот на мрежата на руската репрезентација, Артем Грушко, ја продолжи соработката со Чеховски Медведи и ќе остане во Чехов и во наредните три сезони, односно најмалку до 2028 година.
- Шведската репрезентативка Даниела Де Јонг, која во моментов настапува за романската Валчеа, од лето ќе се пресели во унгарскиот Дебрецин, со кој потпиша договор на две сезони.
- Холандската репрезентативка Мерел Фрерикс на крајот на сезоната заминува од данскиот Есбјерг и ќе се пресели во романскиот ЧСМ Букурешт. Фрерикс со селекцијата на Холандија стана светска шампионка во 2019 година.
- Левиот бек на Германија, Миа Чоке, ќе продолжи да ги брани боите на романската Валчеа, откако ја продолжи соработката со четвртфиналистот на Лигата на Европа до летото 2026 година.
- Хрватскиот чувар на мрежата Дино Славиќ, ќе остане во францускиот Лимож уште една сезона откако го продолжи договорот до летото 2026 година. Тој во 2023 дојде во Лимож од хрватскиот Загреб.




