Зорман избра 20 ракометари – со пелистерецот Тајник против Македонија

Селекторот на Словенија, Урош Зорман, го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за двомечот од квалификациите за ЕП 2026 против Македонија.

Зорман има големи проблеми со повредени ракометари, па за пресметките со Македонија нема да смета на голманот Клемен Ферлин, Нејц Цехте и Рок Овничек.

На списокот во споредба со оние што играа на СП, го нема Јуре Доленец кој ја заврши репрезентативната кариера, потоа Борут Мачковшек и Домен Новак.

Зорман ги повика десното крило Гал Маргуч од Нексе, потоа членот на Еурофарм Пелистер, Домен Тајник, потоа голманот на Штутгарт, Миљан Вујовиќ, како и Урош Миличевиќ од Целје.

Првиот меч меѓу Македонија и Словенија се игра на 12 март во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:00 часот, додека вториот е во Копер на 16 март во „Бонифика“ со почеток во 18:30 часот.

Македонија е трета во групата со една победа над Естонија и еден пораз од Литванија, но има добра шанса да се избори за учество на ново големо натпреварување.