Некогашниот шампион на Холандија, Лимбург Лајонс, ќе престане да постои по крајот на оваа сезона.
Управниот Одбор на клубот донесе таква одлука, откако повеќе месеци имаше неуспешна потрага по финансиски средства. Како товар стои и загубениот судски спор со некогашниот ракометар Жоао Рамос.
Лимбург сезоната игра во регионалната БЕНЕ лига и се наоѓа на десеттото место на четири кола до крајот, а се очекува да игра и во плеј-офот од холандскиот шампионат.
Ова е клубот каде што холандските репрезентативци Лук Стеинс и Кај Смитс ги имаа првите професионални договори, а станаа шампиони на Холандија во 2015 година.
Последен пат Лимбург Лајонс беше првак во 2023 година, а сега во 2025 ќе престане да постои.