Членот на Вардар, кружниот напаѓач Ларс Коиј, повторно доби повик од селекторот на Холандија, Штафан Олсон.
Коиј се најде на списокот за двата квалификациски натпревари против Фарски Острови кои ќе бидат одиграни за време на ЕХФ неделата, односно на 12 и 16 март.
Олсон за натпреварите против ,,фараните” ќе може да смета на Алек Смит, кој на СП заработи повреда на мускулот и мораше да направи пауза.
Во однос на составот со кој настапи Холандија на Мундијалот во јануари, нема изненадувања, па така Олсон ќе го има на располагање најсилниот ростер.
Холандија квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 не ги стартуваше според планираното, ја совлада Украина, но на гостувањето во Приштина ремизираше со Косово.