Полската федерација му врачи отказ на селекторот Лијевски!

Полската ракометна федерација објави дека е завршена соработката со селекторот на машката репрезентација Марцин Лијевски.

Управниот Одбор на федерација и претседателот Славомир Шмал по деталната анализа на настапот на Мундијалот, донесоа одлука за прекин на договорот кој требаше да трае до 2028 година.

Под негово водство, Полска се пласира на две големи натпреварувања – ЕП 2024 (16 место) и СП 2025 (25 место).

Пред да ја преземе репрезентацијата, Лијевски беше предводник на Вибжеже Гдањск (2017-2019) и Горњик Забже (2019-2022).

Во претстојните квалификациски средби за пласман на ЕП 2026 против Романија, Израел и Португалија, Полска ќе ја води Михал Скорски, кој му беше асистент на Лијевски.