Селекторот на Шпанија, Жорди Рибера, го објави списокот за квалификацискиот двомеч против Србија за пласман на ЕП 2026.
Рибера нема да смета на повредениот Гонзало Перез Де Варгас, па повик доби Родриго Коралес од Веспрем, кој ќе брани во дуо со Сергеј Ернандез.
Се враќаат повредените Каулди Одриозола и Алекс Гомез на десната крилна позиција, па сега нема повика за Феран Соле.
Другиот дел од тимот е стандарден – браќата Душебаеви, Касадо, Тарафета, Гарсијандија, Сердио, Мигаљон…
Првиот меч меѓу Шпанија и Србија ќе се игра во Краљево на 13 март, додека реваншот е во Сиудад Реал на 16 март.