ПИК Сегед доби „шлаканица“ во домашниот шампионат

Екипата на ПИК Сегед, по поразот од Нант во Лигата на шампионите, доживеа уште едно големо разочарување, но овојпат во домашниот шампионат.

Клубот од Сегед во 16. коло од најквалитетното натпреварување во Унгарија за ривал го имаше Балатонфуреди и загуби со два гола разлика, 38:36.

За ПИК Сегед ова беше втор пораз во шампионатот и со изгубениот меч веќе не е сигурно дали ќе игра во плеј-офот за титулата.

ПИК Сегед сега има 28 бода, исто толку има и Веспрем, но тимот на Хавиер Паскал е со натпревар помалку, додека на 3. позиција се наоѓа амбициозниот Ференцварош со 25 бода.

Балатонфуреди, кој пред една сезона играше во групната фаза во Лигата на Европа, повторно посакува пласман на европска сцена.