Десниот бек Станислав Кашпарек на лето ќе го напушти романскиот шампион Динамо Букурешт, пишува „Про Спорт“.
Чешкиот репрезентативец е на чекор до потпис со португалската Бенфика каде што настапува Филип Талески.
Иако имаше понуди за камбек во Унгарија и од бундеслигашки клубови, сепак Кашпарек се решил за португалската варијанта.
Бенфика на лето ќе остане без Демис Григорас, кој ќе се врати во унгарската Татабања на местото на Матео Мараш, па клубот од Лисабон замената ја најде во Кашпарек.
Чехот пред Динамо Букурешт беше дел од Мешков Брест, унгарските Балатонфуреди и ПИК Сегед, а во татковината го носеше дресот на Робе Жубри.