Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 3 коло од главната рунда во Лигата на Европа.
По дуелот меѓу Мелсунген и Кил, македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски, добија уште еден важен натпревар.
Тие ќе го судат мечот меѓу францускиот Тулуз и бундеслигашот Фленсбург, кој ќе го даде одговорот за патникот во четвртфиналето.
Натпреварот меѓу Тулуз и Фленсбург е закажан за 25 февруари од 18:45 часот, а делегат ќе биде Швајцарецот Вицум.