Митревски и Тодоровски со нова евро-задача

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 3 коло од главната рунда во Лигата на Европа.

Македонскиот двоец Димитар Митревски и Благојче Тодоровски добија делегирање за натпревар во Шпанија.

Станува збор за мечот меѓу Гранољерс и швајцарскиот Криенс Луцерн, на кој домашниот тим ќе се обиде да ја фати последната шанса за место во осминафиналето.

Дуелот меѓу Гранољерс и Криенс Луцерн е закажан за 25 февруари со почеток во 20:45 часот, а делегат ќе биде Боти од Франција.