🎥Крушата под круша паѓа: Шариќ јуниор дебитира во ЛШ!

Каталонскиот гигант Барселона во натпревар од 12. коло од Лигата на шампионите славеше против Келце со 30:28, а натпреварот мина во знакот на Филип Шариќ.

Младиот голман тргна по стапките на својот татко Даниел, кој исто така настапуваше во дресот на Барселона.

Филип доби шанса на натпреварот против полскиот шампион и успеа да одбрани седмерец, по што доби овации од трибините за првата одбрана во ЛШ.

На 20-годишниот Филип му се предводува блескава кариера, а дали ќе има успех на клупски план како неговиот татко, останува да видиме.