🎥Радивојевиќ во тимот на колото во Лигата на шампионите

Искусниот член на Еурофарм Пелистер, Богдан Радивојевиќ, доби признание од ЕХФ за одличната игра против Динамо Букурешт.

Радивојевиќ, кој против романскиот шампион постигна пет погодоци, но одигра одлично и во одбраната, беше избран  за најдобро десно крило на 12. коло во Лигата на шампионите.

Еурофарм Пелистер со победата над Динамо Букурешт ги задржа шансите за пласман во осминафиналето во најквалитетното европско натпреварување.

Во тимот на 12. коло се најдоа уште Анте Грбавац (Загреб), Мартин Коста (Спортинг Лисабон), Феликс Клар (Магдебург), Томас Пирох (Висла Плоцк), Камил Шипжак (Висла Плоцк) и Бустер Јул – Лазен (Алборг).

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)