Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед е заинтересиран во своите редови да го води српскиот репрезентативен голман Дејан Милосављев, пишува германскиот „Билд“.
Според „Билд“, Фуксе Берлин е заинтересиран да го донесе Тил Климпке од Вецлар, кој би формирал германско дуо со Ласе Лудвиг, а тоа значи дека би можел да се откаже од Милосављев кој има договор до 2027 година.
ПИК Сегед ќе остане без ветеранот Роланд Миклер на лето, додека шведскиот голман Тобијас Тулин има договор до 2027, па сигурно ќе се обиде да го донесе екс чуварот на мрежата на Вардар пред истекот на неговиот договор.
Милосављев е еден од најдобрите светски голмани, во тековната сезона во Бундес лигата има 162 одбрани на 18 натпревари со 31% успешност. Неодамна се споменуваше дека и Веспрем е заинтересиран за неговите услуги.