Женските репрезентации на Чешка и Словачка имаат нови селектори пред баражите за пласман на СП 2025. Двата од петте домаќини на ЕП 2026 решија да ги променат предводниците по завршувањето на ЕП 2024 и влегуваат со „свежа крв“ во новите предизвици.
Нов селектор на Словачка ќе биде Јан Бенадик, кој претходно ги водеше младинките, а на клупата го замени Шпанецот Хорхе Дуењас.
Бенадик работеше во чешкиот Сокол Поруба, во Јувента Михаловце како спортски директор и како тренер, а освои два трофеи со овој клуб. Тој потпиша договор на три години со словачката федерација и ќе биде селектор најмалку до 2027 година. Прв предизвик ќе биде бараж двомечот со Швајцарија за место на Мундијалот 2025 година.
Чешка се раздели со норвешкиот стратег Бент Дал, кој ја презема Србија, а на негово место дојде дуото Томаш Хлавати и Даниел Чурда. Главати на клупско ниво работеше во норвешкиот Кристијансанд и рускиот Ростов Дон, а своевремено беше асистент и во Ѓер. Од лето ќе го води германскиот Лудвигсбург.
Чурда, работеше како асистент во Дукла Прага, а му помагаше и на Дал на селекторската клупа. Прв предизвик за словачко-чешкото дуо како селектори ќе биде баражот против Украина за пласман на СП 2025 во Германија и Холандија.