Брегар останува во стручниот штаб на Ѓер

Екс тренерот на Вардар, Урош Брегар, го продолжи договорот со актуелниот европски шампион Ѓер.

Двете страни се договорија на нова соработка, па така Словенецот во стручниот штаб на Ѓер ќе остане уште најмалку една сезона.

Искусниот тренер во текот на месец април минатата година дојде како засилување во Ѓер, односно како асистент на главниот тренер Пер Јохансон.

Брегар во својата клупска кариера, освен во Вардар, работеше и во Крим, Вац, Шиофок….

Ѓер и во оваа сезона е главен фаворит за освојување на титулата во Лигата на шампионите.