Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од 12 коло во Лигата на шампионите.
ЕХФ делегираше шпанска судиска двојка за еден од најважните натпревари на македонскиот првак Еурофарм Пелистер.
Дуелот против романскиот Динамо Букурешт ќе го судат Андреу Марин и Игнасио Гарсија, додека делегат е Јанко Пожежник од Словенија.
Шпанците го судеа финалето на Мундијалот во Данска, Норвешка и Хрватска, а ова ќе им биде прва обврска по мечот за златото.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Динамо Букурешт е закажан за 20 февруари во „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.