Селекторот на Словенија, Урош Зорман, има главоболка плус пред двомечот со Македонија во рамките на квалификациите за ЕП 2026.
На мечот од Лигата на шампионите меѓу Келце и Магдебург се повреди Клемен Ферлин, првиот голман на Словенија.
Предвидената пауза е четири до шест недели, Ферлин веќе го пропушти дуелот со Барса, а ист ќе биде случајот и со двете последни средби од ЛШ против Загреб и Нант.
Искусниот чувар на мрежата нема да му биде на располагање на Талант Душебаев и за „светата војна“ против Висла Плоцк на 1 март, но ниту на Зорман за двата меча со Македонија на 12 и 16 март во Скопје и Копер.
Зорман ќе смета на Урбан Лесјак, а веројатно замената на Ферлин ќе се бара меѓу Јоже Базник и Милјан Вујовиќ.
Покрај Ферлин, против Македонија нема да играат ниту повредените Нејц Цехте и Рок Овничек.