Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.
На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.
Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 17 коло од суперлигашката конкуренција. Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.
Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од „сино-белите“ од Автокоманда, Еурофарм Пелистер, Вардар, Бутел Скопје, Тиквеш, како и двајца од Охрид.
За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.
Супер лига, 17. коло, резултати:
СТРУГА – АЛКАЛОИД 14-38 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – РАДОВИШ 32-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – ВАРДАР 29-34 (ИЗВЕШТАЈ)
БОРЕЦ ФЛ – ОХРИД 29-35 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО 46-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРОЛЕТ – БУТЕЛ СКОПЈЕ 28-33 (ИЗВЕШТАЈ)
ИДЕАЛЕН ТИМ НА 17. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА
Голман: Иван Галевски (Алкалоид) – Македонскиот репрезентативец имаше одлично издание на дуелот против Струга.
Лево крило: Дамјан Субашевски (Бутел Скопје) – Младинскиот репрезентативец постигна пет гола против Прилеп.
Лев бек: Стефан Петриќ (Вардар) – Србинот беше меѓу најдобрите во триумфот на гостински терен кај Пролет.
Среден бек: Ловро Јотиќ (Охрид) – Хрватскиот плејмејкер имаше добра партија на дуелот со Борец ФЛ.
Десен бек: Ани Обина (Тиквеш) – Десниот бек ја продолжува одличната форма од есента и даде шест гола во важната победа над Радовиш.
Десно крило: Богдан Радивојевиќ (Еурофарм Пелистер) – Српскиот интернационалец со 11 голови беше најдобар стрелец против Куманово.
Пивот: Живан Пешиќ (Охрид) – Српскиот интернационалец постигна пет гола на гостински терен во Велес.